| четврток, 6 декември 2018 |

Лихтштајнер на лето се сели во Бундес лигата

Швајцарецот Стефан Лихштајнер потврди дека после седум години го напушта Јувентус, а италијанските медиуми открија која ќе биде неговата следна дестинација. „Свис експрес“ последната сезона не добива голема минутажа во дресот на Јувентус, па реши да не го продолжува договорот и на крајот на сезоната ќе замине како слободен агент.

Швајцарецот откри дека кариерата ќе ја продолжи надвор од Италија, а медиумите веќе ја открија неговата следна дестинација, а тоа ќе биде Бундес лигата. Наводно Лихштајнер веќе ги договорил сите услови со Борусија Дортмунд и ќе потпише за „милионерите“ веднаш по завршувањето на сезоната.

34-годишниот Лихштајнер цели седум сезони помина во дресот на Јувентус и се стекна со легендарен статус бидејќи имаше значаен придонес во освојувањето на сите 7 Скудета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top