
Швајцарецот Стефан Лихштајнер потврди дека после седум години го напушта Јувентус, а италијанските медиуми открија која ќе биде неговата следна дестинација. „Свис експрес“ последната сезона не добива голема минутажа во дресот на Јувентус, па реши да не го продолжува договорот и на крајот на сезоната ќе замине како слободен агент.
Швајцарецот откри дека кариерата ќе ја продолжи надвор од Италија, а медиумите веќе ја открија неговата следна дестинација, а тоа ќе биде Бундес лигата. Наводно Лихштајнер веќе ги договорил сите услови со Борусија Дортмунд и ќе потпише за „милионерите“ веднаш по завршувањето на сезоната.
34-годишниот Лихштајнер цели седум сезони помина во дресот на Јувентус и се стекна со легендарен статус бидејќи имаше значаен придонес во освојувањето на сите 7 Скудета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


