| четврток, 6 декември 2018 |

Штетата е 100.000 евра, човечки фактор е причина за избувнување на пожарот во Правда

Човечки фактор е причина за избувнувањето на пожарот во зградата на Министерството за правда, материјалната штета се проценува на 100.000 евра, а изгореле и важни документи, објави „Независен“.

Од полицијата потврдиле дека по извршениот увид сите потребни докази ги предале до обвинителството.

Според сознанија на овој медиум, пожарот на четвртиот кат од зградата на Министерството избувнал по вертикална линија заедно со канцелариите на министерот Билен Саљији и на заменикот Оливер Ристовски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top