Најмалку седум луѓе загинаа, а десетина се повредени во синоќешните судири во Каиро меѓу приврзаниците и противниците на египетскиот претседател Мухамед Морси, јави „Франс прес“.
Според агенцијата, десетина луѓе биле повредени со огнено оружје од кои дел биле во критична состојба.
Во меѓувреме, претседателот и началникот на Генералштабот, Абдел Фатах ал Сиси, во текот на целиот дел разговарале за тоа како да се реши кризата. Сиси даде ултиматум до партиите да го решат проблемот за 48 часа, а власта одбива да се повлече иако нема решение.
Египетската војска планира да го суспендира новиот устав кој ги поддржува исламистите, да го распушти парламентот во кој доминираат исламистите и да постави привремена влада ако претседателот Морси не се согласи на договор со противниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


