| четврток, 6 декември 2018 |

Ве-це шолјата не е највалкана

Кога ќе помислите на нешто валкано, прва асоцијација ви е ве-це шолјата во купатилото. Но, има многу работи во нашето непосредно опкружување кои се извор на бактерии и кои се многу повалкани од тоалетот. Ако се прави ранг-листа на највалкани работи каде што има повеќе бактерии отколку во ве-це шолјата, тогаш таа би изгледала вака:

1. Мраз – истражувањата покажале дека коцките мраз имаат повеќе бактерии од водата во ве-це шолјата

2. Подови во тоалети – имаат 40 отсто повеќе бактерии од капакот на ве-це шолјата

3. Канцелариски столици – имаат 400 пати повеќе бактерии од капакот на шолјата

4. Тастатури – тие се вистинско гнездо на бактерии, имаат и 200 пати повеќе бактерии од тоалетот

5. Мобилни телефони – имаат 10 отсто повеќе бактерии од тоалетите

6. Менито во рестораните – имаат 10 пати повеќе бактерии од шолјите

7. Даските за сечење месо – сировото месо има голем број фекални бактерии поради тоа што даските за месо имаат 200 пати повеќе фекални бактерии од ве-це шолјата

8. Четка за заби – тие се понечисти и од капакот на шолјата

9. Теписи – тие се 4.000 пати понечисти од ве-це шолјата

10. Кујнски сунѓери – тие се „само“ 200 пати повалкани од ве-це шолјата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top