Американски федерални иследници ги прислушувале телефонските линии на долгогодишниот адвокат на претседателот Доналд Трамп, Мајкл Коен, кој е под истрага дека платил 130.000 долари на порно глумицата Сторми Даниелс за да молчи за наводната афера со Трамп, јавува „Ен-Би-Си њуз“.
Повикувајќи се на две лица запознаени со правната постапка против Коен, „Ен-Би-Си њуз“ наведува дека не е познато колку долго федералните иследници биле овластени да ги прислушуваат разговорите на Коен, но дека тоа се случувало со недели пред упадот во неговата канцеларија, хотелска соба и куќа, на почеток на април.
Според наводите на еден од изворите, пресретнат е барем еден од телефонските повици на линијата Коен- Белата куќа.
Американското Федерално истражно биро (ФБИ) во април изврши претрес во куќата на Коен, во канцеларијата и хотелската соба, барајќи докази за малверзации сред кривичната истрага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Антонио Апостолски, адвокат на Мијалков: Недозволиво е странката да не е известена дека за неа се бара мерка притвор
-
Мајка му умрела од рак, адвокат од Србија го тужи НАТО поради употреба на бомби со осиромашен ураниум
-
Ало, овде е Доналд
-
Ќе го скрши и најтврдото срце: Последното збогум за Мишо од Сања и Лара!