| четврток, 6 декември 2018 |

Како во земја да пропадна: Лазукиќ со денови се огласуваше во медиумите, а потоа го снема!

Само неколку дена откако Наташа Беквалац и Лука Лазукиќ дадоа поединечни изјави пред судијата по пријавата на пејачката за насилство, сопругот на новосадската барбика реши да го напушти Белград.

Како што се дозна, Лука веќе неколку дена престојува во Атина, како би избегал од наводниот медиски притисок и би ја оладил главата.

Од друга страна, Наташа во меѓувреме се јавила на Центарот за социјална работа, каде давала изјава за насилство во семејството, после што се засолнила кај родителите во Нови Сад.

-Ни две недели откако Лука ја претепа Наташа, страстите меѓу нив не се смирија. Во првите денови после скандалот Лука јавно изнесуваше тврдења против сопругата, додека Наташа остануваше нема. Со денови Лука идеше од медиум до медиум раскажувајќи ја својата верзија од кобниот настан. Меѓутоа откако двајцата дадоа официјална изјава во обвинителството, Лука реши да замолчи и да си оди од Белград- рекол извор близок на парот.

-Лука веќе неколку недели престјува во Атина. Наводно веќе не можеше да го трпи притисокот од јавноста. Никому не се јавува, ниту одговара на повиците. Сега се преиспитува дали му беше паметна одлуката да комуницира со медиумите- додал изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top