| четврток, 6 декември 2018 |

Откриени на 130 килограми марихуана на ГП Богородица

Над 130 килограми марихуана се откриени вчера на ГП Богородица во камион со албански регистраски ознаки. Возачот, 37-годишен државјанин на Албанија, е приведен и му е одреден 30-дневен притвор.

Дрогата била пронајдена во посебно направен простор во внатрешноста на страничните даски за кои е прицврстена церадата на полуприколката, а била сместена во 323 пакувања обвиткани со растеглива фолија, соопшти Јавното обвинителство.

Возачот е веднаш приведен, а поради опасност од бегство, по барање на Основното јавно обвинителство во Велес, судија на претходна постапка му одреди притвор од 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top