| четврток, 6 декември 2018 |

Жестока битка во НСДП: Љубомир Јосифовски не ја повлекол кандидатурата, Тито Петковски се прогласил за единствен кандидат

Во трката за претседател на партијата НСДП настана препукување меѓу кандидатите за претседател на партијата,  Тито Петковски и Љубомир Јосифовски. Медиумите објавија дека поранешниот пратеник Јосифовски ја повлекол кандидатурата за претседател на Партијата и дека единствен кандидат е Тито Петковски.

-Ниту сум повлекол кандидатура, ниту пак има намера…Тито Петковски на највулгарен начин ја злоупотреби својата позиција, напиша на својот Фејсбук профил, Јосифовски и побара од медиумите кои ја објавија веста да го објават демантот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top