| четврток, 6 декември 2018 |

УЈП во Охрид, угостителите револтирани: Наместо да ги служиме гостите, ние со инспекциите се расправаме!

Деновиве републички инспекции на Управата за јавни приходи го нападнаа Охрид. Инспектори од цела Македонија ги чешлаат угостителските објекти на брегот на Охридското езеро. Нема точна бројка колку угостители се казнети во градот, но според чаршиските муабети ги има голем број  угостители кај кои биле забележани законски недостатоци.

-Цела зима немаме работа, ние знаеме како преживуваме, како плаќаме кирии, даноци, закупнини кон општината, вработени и други давачки. Токму кога почнува работата, секогаш деновивте околу 1 мај, имаме работа за да закрепниме после долгата зима, е  тогаш доаѓаат инспекциите. Наместо да ги служиме гостите ние со инспекциите се расправаме. Бараат книги, документи, бројат пари, едноставно бараат „рачки“ за да не казнат. Вака е години наназад. Ништо не е сменето, велат угостители во изјава за Охриднет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top