| четврток, 6 декември 2018 |

Ким Џонг-ун секаде со себе си носи свој приватен тоалет – причината е бизарна

Првпат по 1953 година севернокорејски лидер ја помина воената линија и зачекори на јужнокорејско тло.

Иако Ким Џонг-ун се согласи да седне на иста маса со претседателот на Јужна Кореја, сепак, не се согласи да седне во тоалетот кој го користеа другите.

– Лидерот на Северна Кореја има свој приватен тоалет кој го носи секаде каде што патува – изјави бившиот командант во севернокорејската војска, Ли Јун-кеол за „Вашингтон пост“.

Но, овој факт воопшто не е чуден во споредба со причината поради која Ким секаде со себе влечка приватен тоалет. Тој тоа го прави заради заштита на информациите кои за него може да ги даде неговиот измет.

– Неговата столица содржи информации за неговата здравствена состојба, така што не може да ја остава насекаде“ – објаснува Ли, додавајќи дека Ким Џонг-ун, исто така, има вградени тоалети во повеќето од своите возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top