| четврток, 6 декември 2018 |

Состојбата му се влошува: Синан Сакиќ повторно во болница!

Фолк- ѕвездата Синан Сакиќ пак е примен во болница, пренесе Ало.рс. Лекарите констарирале дека треба да му се направи трансплатација на црниот дроб. Легендарниот пејач, минатата година имаше операција, кога му беа вградени стентови на жолчните канали, но лекарите сметаат дека ова не е доволно. Тој е ставен на листата за чекање, и во болница ќе остане до операцијата.

-Лекарите, врвни стручњаци, кои го прегледаа, сметаат дека треба трансплатација на црниот дроб. Јас
го понудив мојот, но констатираа дека јас не сум адекватен донатор –  изјавила Сабина, сопругата на пејачот.
Таа им се заблагодарила на сите кои и дале поддршла.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top