При рушење на силос во Данска дојде до огромна грешка и кулата се сруши на погрешна страна и ја здроби соседната зграда.
Напуштениот објект висок околу 53 метри во Вордингборд, Данска се сруши во спротивен правец од планираниот и го уништи културниот центар во непосредна близина.
За среќа, во инцидентот нема повредени.
Силосот требало да биде плански срушен, но десетте килограми експлозив биле погрешно наместени и детонирани, иако подготовките за рушењето траеле шест месеци.
Во тек е истрага за да се утврди причината за инцидентот.
извор: tvorbis
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.