Припадник на собраниското обезбедување, денеска на првиот кат во Собранието пронашол импровизирана експлозивна направа.
МВР го потврдува случајот, но нема дополнителни информации.
Началникот на обезбедувањето на Собранието Горан Јарчевски во 17.30 часот пријавил дека во Собрание на Македонија во ходникот на први кат е пронајдена импровизирана експлозивна направа, петарда со фитил кој бил со селотејп врзан за голема плинска боца за полнење на запалки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.