позицијата демонстративно ја напушти комисиската расправа за Законот за енергетика на која пратениците требаше да дискутираат за неговата оправданост, односно потребата да се либерализира пазарот за електрична енергија. Во тој контекст тие порачаа дека се солидаризираат со Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнал, која е во спор со Кочо Анѓушев, но вицепремиерот порача дека никому му се нема заканувано.
„Немам потреба во животот на никому да му се заканувам, мислам дека сензационализам не е потребен, јас да, имав разговор со госпоѓата Тасева, немав намера да имав негативна дискусија, ниту пак посебно да се заканувам. Јас само прашав дали е во ред да институција како што е Трансапренси Интернешнал којашто ја ценам како реномирана институција и нејзе како претставник, да спомнуваат имиња на личности без од нив да побараат мислење“, изјави Кочо Анѓушев.
Опозиционерите наведоа дека законот е во корист на високи владини функционери и оти некои членови во предлог-законот се спротивни со европската регулатива.
„Во знак на протест и солидарност со лицата на коишто се упатени овие закани ја напуштаме оваа комисија и бараме од високите владини функционери да понесат морална, етичка и политичка одговорност“, рече Драган Цуклев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
Законот предвидува целосна либерализација на пазарот на електрична енергија, односно секој потрошувач ќе има право да си избере снабдувач со струја. Сепак, се предвидува да има и еден т.н. универзален снабдувач кој би испорачувал струја до сите домаќинства кои нема да се решат да одберат некој од понудените фирми.
Извор:https://faktor.mk/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.