| четврток, 6 декември 2018 |

Новак е болен: Познат светски нутриционист предупредува дека Ѓоковиќ боледува од пореметување кое може да му го уништи животот!

 

Новак Ѓоковиќ боледува од пореметување на исхраната кое се заканува да му го уништи животот, тврди признат швајцарски нутриционист Јерг Хезли.

Дијагнозата која Швајцарецот му ја поставил на најдобриот српски тенисер е болеста наречена орторескија. Како што е познато Новак подолго време е на специфичен режим на исхрана кој подразбира главно конзумирање на билки, со целосно исклучено внесување на месо во организмот.

-Новак Ѓоковиќ, колку само му се восхитував на теренот, неговиот стил и начин на движење. А тогаш слушнав за неговиот план да го смени начинот на исхрана и се запрашав колку ќе издржи. И еве, сега ги гледаме последиците на неговото пореметување во исхраната. Овој вид на пореметување не е само анорексија или булимија, постои и болест наречена орторексија која наизглед делува како здрава исхрана. И токму затоа Новак не е свесен за последиците кои по него може да ги има оваа диета – го изнел своето мислење Хезли и додал:

-Ѓоковиќ практикува диета со која целосно го избегнува шеќерот, но колку и да делува добро, долгорочно тоа е исклучително штетно по организмот. Со време спортистот почнува да чувствува се поголем замор, се развиваат воспаленија, алергии, интолеранција. Се поподложен е на стрес, спие се помалку. Личноста е се поисцрпена психички и потребни се психосоматски лекови. Ја губи врска со пријателите и семејството, се чувствува изолирано и се јавуваат суицидни мисли – тврди Хезли, кој се оградува од тоа дали Ѓоковиќ ги проживава токму овие симптоми на болеста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top