| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајната полиција во петок почнува со казнување за овој престап!

Доколу се решите да патувате за првомајските празници во соседна Србија, треба да бидете внимателни. Имено тамошната сообраќајна полиција во петок ќе почне да ги казнува возачите на основа на мерењето на средната брзина на автопатот на сите наплатни рампи, дознава Блиц.

Домашните возачи ќе добиваат казни на домашна адреса, додека странците ќе ги запираат патроли на рампите.

Така после 8 месеци ќе заживее новиот начин на казнување на возачите поради надминување на средната брзина од 120 километри на час, врз основа на времето на минување од една до друга наплатна рампа на автопатот.

Српските  возачи за време на плаќање на патарината на наплатата рампа на сметката ќе добијат и напишана информација за просечната брзина со која возеле по автопатот. Ако средната брзина е поголема од 120 на час, на домашна адреса ќе им стигне казна и тоа така што камерата на рампата ќе ги фотографира табличките на возилата. Со тоа што ќе имаат можност веднаш да ја платат казната или да се изјаснат дека не го направиле прекршокот.

Во тој случај ќе иде кај судијата за прекршоци кој ќе мора да ја докаже нивната вина.

Странците сообраќајната полиција ќе ги санкционира штом ја поминат рампата. Се очекува дека веќе во петок голем број безобразни возачи ќе бидат на удар на сообраќајните патроли поради првомајските празници.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top