| четврток, 6 декември 2018 |

Принцот Вилијам: Александар е добро име за новиот принц

Пред мисата по повод одбележувањето на Денот на сеќавање на австралиските и новозеландските војници кои служеле и загинале во војни и мировни операции, принцот Вилијам се дружеше со гостите и во еден од разговорите навести како би можело да се вика новото кралско бебе, синот што тој и Кејт Мидлтон го добија пред три дена.

Александар Даунер, австралиски дипломат во Велика Британија, го праша принцот: „Дали сте размислувале да му дадете име Александар?“, а Вилијам на тоа одговори „Баш убаво што спомнавте… Александар е добро име.“

Името има историја во кралското семејство.

Александра е средното име на кралицата Елизабета Втора, а Александар е средното име на принцот Џорџ, постариот брат на штотуку родениот принц.

Британците се обложуваат на можни имиња за кралското бебе, а засега најдобро котираат Алберт, Артур, Џејмс и Филип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top