| четврток, 6 декември 2018 |

Седумгодишниот Ѓорѓи ја реди Рубиковата коцка за четири секунди

На второодделенецот Ѓорѓи Чешмеџиевски од Скопје му требаат четири секунди за да ја намести сложената Рубикова коцка. Неодамна беше најмлад учесник на интернационалниот натпревар во решавање Рубикови коцки – „Albanian Open 2018“, кој се одржа во Тирана во просториите на Harry Fultz Institute и собори два рекорда, објави порталот „Деца.мк“.

Ѓорѓи соборил два национални рекорди – најдобро време (4,37 секунди) и средно време (6,77 секунди) во решавање Рубикова коцка 2х2. Постигнал и најдобро време (12,64 секунди) и најдобро средно време (17,36 секунди) во решавање Рубикова пирамида.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top