Италијанскиот гигант Интер сака да го ангажира талентираниот тинејџер од Работнички, Дарко Велкоски, а со него на мета е и хрватскиот талент Марко Дабро.
– Ги познавам одлично и двајцата и знам дека се екстра-талентирани, и секако дека заслужуваат да ја минат италијанската школа на фудбалот. Јас ги препорачав и двајцата кај Интер, а ќе видиме што ќе биде – изјави Алфонсо Марота, менаџер со знакот на ФИФА.
Тој ги следи талентираните играчи на Балканот за италијанското подрачје, а токму 18-годишниот Велковски го привлекол неговото внимание. Дарко дебитираше за Работнички како 16-годишно момче, веднаш покажа дека се работи за вистински фудбалски бисер, а најголем интерес покажа рускиот Зенит. Таа варијанта се уште е во игра, но повикот од Интер би бил вистинска награда за талентот и можност да напредува во кариерата. Велковски ги мина сите генерации во репрезентативните младински категории на Македонија, а ако замине во Интер, првично веројатно би бил дел од младинската академија на „нероаѕурите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Силен ветар однесе пет жртви во Италија
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја