Дизајнерката Росица Мршиќ ја претстави најновата колекција наречена „Силија“ (Celia) вчеравечер во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“, во организација на Моден викенд Скопје.
Модните креации кои се инспирирани од портретите на Силија Биртвел насликани од познатиот англиски уметник Дејвид Хокни беа прикажани на несекојдневен начин со моден перформанс во неколку простории.
Новите модни парчиња за сезоната пролет-лето се нетипични за досегашната работа на Мршиќ, спакувани во шик колекција со лелеави силуети.
– Парчињата кои ги создавам ги портретирам како парчиња кои се за секој ден, секоја пригода, но секогаш интригантни и возбудливи. Силни бои, цветни стилизирани принтови, црна и мека бела боја, артистични текстури на материјал, кроеви сложено изработени, ја прават „Силија“ карактерно романтична, авангардна и ласцивна – рече Мршиќ.
Дизајнерката на накит Марта Поп Антоска инспирирана од креацииите на Росица Мршиќ изработи лимитирана серија на накит од стакло специјално за колекцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.