Македонската дизајнерка Росица Мршиќ ја создаде новата новата „pret – a – porter“ колекција за есен -зима 2017 под наслов „Муза“ (MUSE) каде што Ли Милер, американска фотографка, артистка и моделка е нејзина инспирација.
Милер, која восхитува со храброст, слободен дух и креативност е муза на дизајнерката за создавање на оваа колекција во која има длабоко разработени кроеви со чисти и строги линии што го истакнуваат изгледот и интензитетот на облеката.
Ликот на Ли Милер ја персонифицира жената за која се наменети креациите на Мршиќ.
Едноставни кроеви се во основата на колекцијата, но тие се дополнети со плисирани и рачно изработени детаљи. Топлите зелени тонови се употребени за надградување и се преплетуваат со основната црна и контрасната бела боја. Еколошките крзна во централно користените бои во колекцијата го нагласуваат зимскиот карактер на парчињата, а брокатот и други декорирани ткаенини се употребени за да се овозможи комбинација на парчињата за постигнување вечерен изглед. Колекцијата содржи дневни и вечерни парчиња што можат меѓусебно да се комбинираат.
Оваа сезона, модното студио на Мршиќ слави осум години постоење. За ова време Мршич создаде дваесет модни колекции и оствари соработка со домашната индустрија и со странски он-лајн платформии и концептуални бутици за што доби и меѓународни награди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.