26 ноември во 2008 година е датумот кој припадниците на полициската единица „Алфи“ ќе го паметат засекогаш, но не по добро. Во вооружен напад кај ПМФ, животот го загуби еден припадник на единицата, а двајца беа тешко повредени.
По речиси 10 години од убиството, убијците надеж за слобода видоа во премиерот Зоран Заев. Преку отворено писмо до Заев новинарката Лиридона Вејсели бара слобода за напаѓачите.
-Нашата земја, Македонија, помина низ тешки времиња. Луѓето со повеќе среќа избегаа од тука. Некои од тие кои останаа, се убиени, се тероризирани и се затворени доживотно, во случаи монтирани од државата. Повеќето од нив се Албанци. Кога го започнавте проектот “Вистината за Македонија”, сите се убедија во лудоста на тие што не водеа во тоа време. Граѓаните, без разлика на возраст, етничка и партиска припадност, силно ја подржаа надежта за слобода и еднаквост. Потоа следуваа “Шарената Револуција”, СЈО и “Живот за сите во Македонија”. Вашата идеја за едно општество за сите, со слобода, правда и еднаквост во неа, беше подржана од сите во земјата но и меѓународно. Денес, после околу една година откако вие ја водите земјата, иако некои работи се подобрени, и понатаму слободата, правдата и еднаквоста не се меѓу нас. Не дека корупцијата и организираниот криминал не се многу важни, но монтираните судски случаи, каде како последица невини луѓе можеби се доживотно затворени, се најболната рана на нашето општество. Еден од овие случаи, каде доказите во целост се во спротивност со судската одлука, е случајот “Алфа”. Сега веќе целата јавност е убедена во невиноста на затворените, освен судот и обвинителството. Судот и обвинителството кое ги има осудено овие лица. Во име на невино осудените, во името на граѓаните на Македонија, во мое име, но најмногу во име на правдата, ВЕ МОЛАМ, овозможете повторување на судењето. Не бараме простување ниту милост. Сé што бараме е уште една можност за да се исправат грешките на минатиот режим. Ве молам да ја користите вашата позиција за да се донесе правда и еднаквост за сите исто. За да се донесе “Живот во Македонија”. Мотото “Нема правда, нема мир” сé уште ечи во нашите уши, се вели во отвореното писмо на новинарката Вејсели.
Алмир Дрпљанин заедно со Ќерим Реџаил, Исмаили Агил и уште двајца непознати сторители во 2008-ма на паркингот кај факултетот од возило Голф испукале 70 куршуми кон полицискиот автомобил. За Африм Арифи куршумите беа смртоносни, другите двајца негови колеги останаа трајни инвалиди.
Дрпљанин во 2010 година во отсуство беше осуден на доживотен затвор. По неговата екстрадиција од Косово, на почетокот од 2016 година изречената казна во повторно судење беше потврдена. Судот и во втората пресуда изрече казна доживотен затвор.
Тој беше осомничен и за грабежот на Про-кредит банка во центарот на Скопје при што биле украдени 50.000 евра. Дрпљанин се сомничи дека учествувал и во грабежот на возилото на Комерцијална банка кај Скопски саем во 2007 година, случај во кој беше убиен возачот, а беа повредени двајца негови колеги и беа украдени 200.000 евра. Дрпљанин е осомничен и за грабеж на златарата Исак во април 2012 година во Тетово, како и за напад и грабеж на лица во скопски Аеродром во 2007.
Ослободителните пресуди за најтешките кривични дела не се новина во изминатиов период.
За потсетување пред десет дена Кривичниот суд во Скопје донесе втора ослободителна пресуда за Лирим Динарица, Емрула Емрулаи, Рамиз Асани, Муча Бајрами, обвинети во случајот на тројцата убиени полицајци Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак, на влезот во Арачиново во јануари 2000 година. Од натамошен прогон во меѓувреме беа ослободени и обвинетите, сега веќе починати, Башким Асани и Агим Асани.
Судскиот процес за убиството на тројцата полицајци трае 18 години. На овие жители на Арачиново им се судеше затоа што, според обвинението, ги застрелале полицајците Петрушевски, Ангеловски и Готак.
Според обвинението, шестемина во доцните часови од заседа ги застрелаа полицајците Петрушевски, Ангеловски и инспекторот Готак, кои на влезот од селото учествувале во акција за пронаоѓање украдени луксузни автомобили. Тројцата полицајци беа изрешетани од автоматско оружје. Првообвинетиот Динарица во истражна постапка го признал делото и во детали го опишал настанот, но на судењето го сменил исказот, велејќи дека признанието во истрагата го дал под присила.
Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во март се откажа од обвинителниот акт за случајот „Сопот“, бидејќи според деталните анализи што ги направило ова Обвинителство не постоеле докази дека обвинетите го сториле делото за кое се товарат.
Според специјалната јавна обвинителка Катица Јанева немало докази со кои може да се утврди обвинението за обвинетите. Судот одлучи да ги ослободи и да го одбие обвинението и обвинетите ги упати да бараат отштета.
Случајот „Сопот“ е од 2003 години, кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа, откако теренско возило на НАТО нагази на мина на локалниот пат Сушево – Сопот. Во овој случај десет лица беа осудени за тероризам. Тие се товарат дека подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево – Сопот.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, лани во јули го предаде предметот на СЈО.
На први декември минатата година, обвинетите во „Монструм“ кои беа осудени на доживотни казни затвор се пуштени да се бранат од слобода за петкратното убиството кај Смиљковското езеро, во кое егзекутирани беа Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски, Кире Трпковски и Борче Стефковски
Врховниот суд донесе решение со кое на обвинетите Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута им се определени други мерки за претпазливост, и тоа забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, како и редовно јавување пред Основниот суд Скопје I Скопје два пати неделно, а обвинетите веднаш се пуштаат да се бранат од слобода.
Врховниот суд ги укина шестте доживотни казни и со пресуда го врати предметот во нов судски процес. Со решението се укинуваат пресудите на Кривичниот суд од пред три години и потврдата на пресудата од Апелација. Останатите двајца обвинети се во бегство во Косово.
По низата ослободувања на осудени лица за убиства, напаѓачите на „Алфите“ ли се следни на списокот на Заев?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Им рекле дека ќе им ги скршат мобилните телефони: „Алфи“ им се заканувале на гласачи во Бутел
-
Брканица по скопските улици: Сакал да им избега на „aлфите“, па удрил во службено лице
-
Ограбена бензиска во Центар, крадецот веднаш фатен од „алфите“
-
Никој во земјава не се чувствува безбедно: Чаушите во СДСМ организираа криминално–полициска местенка и медиумски линч на Диме Спасов