Лука Лазукиќ, сопруг на Наташа Беквалац, кој се сомничи за насилство кон пејачката на сослушувањето во Првото основно обвинителство во Белград изјавил дека не е крив и дека никогаш не ја удрил жена си.
Како што се дознава, Лазукиќ детално зборувал за тоа како ја запознал Наташа, нивната венчавка на Ибица, како и за трошоците за свадбата кои наводно, како што тој рекол, биле на негов товар, но и дека целиот семеен скандал е последица на лажна пријава која сопругата ја поднела против него.
Тој раскажал дека Наташа таа ноќ бил агресивна и пијана, но обелоденил и дека таа покажувалоа насилно однесување и порано.
-Имаше неколку инциденти. Во една прилика констатираше дека не е добра мајка и дека никому не чини. Отиде во кујната, зеде нож и почна да се сече. Видов крв, и го зедов ножот, но не сакаше да оди на лекар. Напротив, мене почна да ме удара по глава и телото. За тоа имам сведок, домашната помошничка која донесе газа за да ја превијам, а мислам дека има белег на раката-наводно рекол Лука кој рекол дека еднаш го гаѓала и со пепелник, ама не го погодила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кога ќе го слушнам зборот мажење, се вртам да видам кој ме бара: Беквалац скокна како попарена!
-
Наташа Беквалац имала сообраќајка, во автомобилот било и бебето!
-
Веќе не плачам, јас своите солзи ги исплакав: Наташа Беквалац проговори за тешкиот период!
-
Гледаше во мене и рече, ќе те е*еме: Наташа повторно нападната!