Ова попладне над соседна Србија се формираат олујни системи поради доста нестабилната атмосфера и истите се проследени со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер а локално ќе има појава и на електрични празнења и на град.
Понатаму во доцните попладневни и вечерни часови оваа нестабилност ќе навлезе и во нашата држава поточно локален развој на нестабилност проследека со дожд и грмежи ќе има особено во северните предели како и во источната половина од државава.
Локално има услови за електрични празнења и услови за локална појава на град.
Во случај на електрични празнења граѓаните да бидат внимателни односно да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја а овчарите своите овци да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.
Нестабилноста веќе започна започна и тоа некаде во северниот дел на Повардарието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.