| четврток, 6 декември 2018 |

Откриени 20 килограми хероин кај Табановце

droga
Српската полиција запленила 21 килограм хероин на граничниот премин со Македонија, Прешево-Табановце, јавија српските медиуми.
Во соопштението од Управата на царината на Србија се вели дека дрогата била откриена во резервно тркало на џип, благодарејќи на скенерот со кој располага царината. По прегледот со скенерот утврдено е дека гумата била исполнета со многу мали пакетчиња.
Вкупната запленета количина е 21 киилограм и 152 грама хероин, спакувани во 39 пакетчиња.
Засега не се соопштува идентитетот на шверцерот, ниту тоа чиј државјанин е.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top