| четврток, 6 декември 2018 |

Ѕвоната на најголемата црква во Холандија ѕвонат во ритамот на хитовите на Авичи (видео)

ДЈ-от Авичи почина во петокот во Оман каде што беше да одмор со своите пријатели. Причините за смртта сеуште не се познати, но полицијата објави дека не постојат никакви криминални сомнежи.

Семејството на Авичи овој викенд пристигна во Оман, а обожавателите од моментот кога ја слушнаа тажната вест му оддаваат почест на различни начини. Во саботата на еден од главните плоштади во Стокхолм се собраа илјадници негови фанови кои ги пееја неговите песни и играа на неговите хитови.

На социјалните мрежи се појавија различни снимки, каде што ѕвоната од најголемата црква која се наоѓа во Утрехт, ѕвонат во ритамот на неговите хитови „Wake Me Up“, „Without You“ и „Hey Brother“.

Причината за смртта не омилениот шведски ДЈ сеуште не е позната, но полицијата објави дека не постојат никакви криминални сомнежи. Авичи со години се бореше со здравствени проблеми кои започнаа во 2012-та година, кога поради акутен панкреатитис беше хоспитализиран 11 денови. Болеста која го држеше прикован за болничкиот кревет често се појавува поради прекумерна консумација на алкохолни пијалаци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top