| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе умрам, не можам повеќе: После смртта на Авичи откриена е потресната приказна за последните години од неговиот живот

Шведскиот диџеј Авичи, роден како Тим Берглинг, кој почина во петокот во 29 година од животот во Оман, повеќе пати ги предупредувал менаџерите дека натрупаниот распоред на настапи ќе го убие, открива документарецот за него „Авичи: Вистинска приказна“.

Документарецот премиерно е објавен во октомври минатата година, но повлечен е по неговата смрт.

-Бев многу искрен со сите со кои работев и сите кои ме познаваат. Сите знаат дека патам од анксиозност и дека се трудев од петни жили. Не очекував дека нивната реакција ќе биде да ме тераат да продолжам со тезгите. Гледаа во моите очи дека не се чувствувам добро, но наидов на бројни отпори кога посакав да престанам со настапите – рекол Авичи.

Младиот музичар одамна зборувал за своите ментални проблеми, посебно анксиозноста и земањето алкохол како полесно би ја пребродил својата срамежливост и непријатност кога ќе се најде во центар на вниманието.

Во 22 година дијагностициран му е акутен панкреатитис, воспаленеие на панкереасот, делумно и поради опивањето. Во 2014 година бил на операција каде му се извадени слепото црево и жолчната кеса.

-Им реков: Нема веќе да настапувам. Ќе умрам. Им го повторив тоа неколку пати. И затоа не сакам веќе да случам дека треба да размислам за следната тезга-вели Авичи во документарецот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

n.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top