Наташа Беквалац наводно завршила во болница во шестиот месец во бременоста поради стресот кој, каков тврдат нејзините пријатели го доживеала по караницата со сопругот Лука Лазукиќ.
Пејачката тогаш, според зборовите на добро упатен извор, добила крварење, и итно со сестра си барала лекарска помош.
-Наташа ми кажа дека сопругот психички ја малтретирал. Проблемите во нејзиниот однос со Лука почнале по венчавката на Ибица, Лазукиќ често ја понижувал во друштвото и ја навредувал. Таа во втората бременост имаше променливо расположение и се ставала на срце-зборува блиска пријателка на Наташа и додава дека пеколот во нивниот брак почнал лани во ноември.
-Во шестиот месец од бременоста, по жестоки каранци, Наташа е примена во една гинеколошка ординација во Нови Сад поради силно крварење кое настанало по доживеан стрес. Нејзината сестра вели дека малку фалело да дојде до спонтан абортус и таа поради тоа многу се исплашила. Гинеколог ја советувал да мирува, поради што морала да прекине со настапи. Почитувајчи ги советите на лекарот, Наташа успеала да ја износи бременоста докрај и да ја роди Катја, која за шест дена ќе наполни два месеци-вели извор кој инсистирал на анонимност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кога ќе го слушнам зборот мажење, се вртам да видам кој ме бара: Беквалац скокна како попарена!
-
Наташа Беквалац имала сообраќајка, во автомобилот било и бебето!
-
Веќе не плачам, јас своите солзи ги исплакав: Наташа Беквалац проговори за тешкиот период!
-
Гледаше во мене и рече, ќе те е*еме: Наташа повторно нападната!