Во понеделник, 23 април со почеток во 13:00 часот, во големата аула на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска, Театраска и Танцoва Академија – Скопје, ќе се одржи филмска работилница насловена „Како се пишува, режира и продуцира прв игран филм “. Работилницата која воедно е дел и од програмата на Скопскиот филмски фестивал, ќе ја водат Леа Мисиус и Кристоф Режин, филмски режисери од Франција.
Откако режираа неколку кратки филмови, Леа Мисиус и Кристоф Режин во 2017 ги претставија своите први играни филмови пред публиката. „Ава“ на Леа Мисиус ја имаше својата премиера на Канскиот филмски фестивал, додека „Скришно“ на Кристоф Режин беше прикажан на Филмскиот фестивал „Ле арк“, еден од најпрестижните филмски фестивали посветен на европскиот филм.
Освен што режираат филмови, Леа и Кристоф пишуваат и за други режисери. На оваа работилница, тие ќе зборуваат како се развива процесот на пишување и режирање кога се минува од краток кон долгометражен игран филм; како пишувањето за други може да го смени начинот на кој ја раскажувате приказната; како да ги потенцирате квалитетите на вашето сценарио кога му го претставувате на продуцент. Фани Ивоне, продуцент на „Ава“, ќе учествува на работилницата и ќе зборува за начинот на давање финансиска и уметничка поддршка на млади режисери кои минуваат од режирање на кратки кон долгометражни играни филмови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура