| четврток, 6 декември 2018 |

Работник го удри струја на далновод – се бори за живот

rabotnik-na-evn-pochina-od-struen-udar-105062

Работник од Скопје, кој вршел замена на изолатори на далновод во Маврови Анови, доживеал струен удар и заработил изгореници од прв и од втор степен.

Несреќата се случила вчера околу 13.30 часот. Со повреди се здобил Д.К. од скопско Кадино, анагажиран преку фирмата „Електро-комерц“ од Скопје. Според тетовската полиција, работникот бил качен на столб од далновод, кој минува покрај браната на Мавровско Езеро на висина од 12 метри. Откако доживеал струен удар, Д.К. загубил свест, но, за среќа, сигурносниот појас не дозволил пад.

Четворица негови колеги го симнале и брзо го пренеле во гостиварската болница, од каде што, поради сериозноста на повредите, бил пренесен на скопските клиники.

Увид на местото на несреќата извршиле истражен судија, јавен обвинител и полициска екипа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top