| четврток, 6 декември 2018 |

Наташа Беквалац очајна – после претепувањето изгубила волја за живот!

Додека се обидува да ја бие правната битка против се уште законскиот сопруг Лука Лазукиќ, кој ја претепа, Наташа Беквалац се бори и со емотивна криза. Гребаниците и подливите од ударите еден ден ќе зацелат, но дали ќе исчезнат и оние невидливи белези? Според зборовите на пријателката на Наташа, тоа нема да се случи наскоро. Таа открива дека Беквалац е целосно скршена.

-Се уште не може да спие, се буди, плаче. Иако сите сме со неа, таа ова мора сама да го истурка. Само таа знае како и е. Наташа скоро е без енергија и волја за живот. Се ова ја изненади, бидејќи мечатеше дека ќе остари со Лука. Ниту во најлудите соништа не можеше да замисли дека тој би кренал рака на неа – вели пријателката на Наташа.

-После два дена од инцидентот ја посетив. Ми беше жал кога се расплака и рече:Очигледно е дека не можам да одберам, повторно немам среќа во љубовта. Три пати сум изиграна, а сега и претепана. Зарем е можно да направам толку лоша проценка. Три пати бев уверена дека ја правам вистинската работа и секогаш се покажуваше дека грешам. Немам сила веќе, не можам да верувам што ми направи. Со што го заслужив тоа. Лука ме уништи бидејќи мислев дека е поинаков од останатите, а испадна најлош. Не ме боли само телото од неговите удари, туку и душата што го го доживевав ова и што сум сама, иако сум опкружена со љубовта на семејството и пријателите- ги пренела зборовите на Наташа, нејзината пријателка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top