| четврток, 6 декември 2018 |

Концертот „Годишни времиња-Пјацола-Вивалди“ со Ана и Олег Кондратенко во Македонска филхармонија

Македонската филхармонија во четврток ќе го одржи концертот „Годишни времиња – Пјацола/Вивалди“, кој ќе се одржи на 26 април (четврток) во 20 часот.

Како солисти ќе настапат едни од најдобрите македонски музички уметници денес – врвните виолинисти Анна и Олег Кондратенко!

За првпат во Македонија, ќе бидат изведени, во иста вечер, истоимените дела – „Четири годишни времиња“ – од двајцата истакнати композитори кои твореле во различни епохи – Антонио Вивалди и Астор Пјацола.

Комбинацијата на истоимените дела на Вивалди и Пјацола, ќе донесе сплет од различни расположенија, а и ќе ги нагласи културолошките разлики помеѓу медитеранска Европа и срцето на Јужна Америка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top