Македонската филхармонија во четврток ќе го одржи концертот „Годишни времиња – Пјацола/Вивалди“, кој ќе се одржи на 26 април (четврток) во 20 часот.
Како солисти ќе настапат едни од најдобрите македонски музички уметници денес – врвните виолинисти Анна и Олег Кондратенко!
За првпат во Македонија, ќе бидат изведени, во иста вечер, истоимените дела – „Четири годишни времиња“ – од двајцата истакнати композитори кои твореле во различни епохи – Антонио Вивалди и Астор Пјацола.
Комбинацијата на истоимените дела на Вивалди и Пјацола, ќе донесе сплет од различни расположенија, а и ќе ги нагласи културолошките разлики помеѓу медитеранска Европа и срцето на Јужна Америка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Авангардни патишта“ – концерт на Дејв Вилсон и Ричард Валитуто
-
Музика од научнофантастични филмови со Македонската филхармонија
-
Овој четврток: Врвниот тромбонист Џозеф Алези со Македонската филхармонија на симфонискиот концерт „Руска игра“
-
Бетовеновата „Деветта“ утре во Македонска филхармонија под диригентската палка на Густав Кун