| четврток, 6 декември 2018 |

Дабовиќ за болното искуство: Мамо, нека ме убие, овојпат ќе го пријавам

Јавноста овие денови се уште е во шок по веста дека српската пејачка Наташа Беквалац беше физички нападната од својот сопруг само месец дена откако се породи, а со оваа вест повторно се отвори темата околу насилството врз жените ширум Балканот.

Поранешната српска кошаркарка Милица Дабовиќ која на јавноста и е позната исто така по претрпено физичко насилство од поранешното момче си ја отвори душата и проговори за тој немил настан.

-Да не се плашев и да не бев уценувана неколку пати би можела да го пријавам и порано. Жената знае да трпи, ние сме храбри, се додека не дојде до тој момент да веќе не може да трпиме. Во еден момент и се јавив на мајка ми и ѝ реков „нека ме убие, јас ќе го пријавам во полиција“. Им се закануваше на сите од моето семејство не само на мене, вели Дабовиќ.

Таа вели и дека решила да му стави крај на насилството кога ден по нејзиниот роденден ја претепал најмногу до тогаш.

-Пресеков кога последен пат ме премлати неколку дена по мојот роденден. Секогаш криев, многу ми замеруваа за тоа. Секаде се појавував насмеана. Сум доживеала сѐ и сешто, целиот живот се борам и на паркетот, ме малтретирале тренери, и кога почна ова, мислев сам ќе престане, неколку дена е добар, па пет не е. Првпат кога дојде полиција, за Нова година, не смее јас да викнам, викнаа комшиите. Плачев, им давав ишарет да го однесат, а тој во тој момент ми рече: „Отвориш ли уста, те убив“. Не смеев збор да кажам. Полицајците земаа пријава, но ја игнорираа ситуацијата. Бев избезумена, раскажува Дабовиќ во емисијата „150 минути“ и додава дека Симон сѐ уште сака да се врати во нејзиниот живот и да ѝ наштети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top