Јавноста овие денови се уште е во шок по веста дека српската пејачка Наташа Беквалац беше физички нападната од својот сопруг само месец дена откако се породи, а со оваа вест повторно се отвори темата околу насилството врз жените ширум Балканот.
Поранешната српска кошаркарка Милица Дабовиќ која на јавноста и е позната исто така по претрпено физичко насилство од поранешното момче си ја отвори душата и проговори за тој немил настан.
-Да не се плашев и да не бев уценувана неколку пати би можела да го пријавам и порано. Жената знае да трпи, ние сме храбри, се додека не дојде до тој момент да веќе не може да трпиме. Во еден момент и се јавив на мајка ми и ѝ реков „нека ме убие, јас ќе го пријавам во полиција“. Им се закануваше на сите од моето семејство не само на мене, вели Дабовиќ.
Таа вели и дека решила да му стави крај на насилството кога ден по нејзиниот роденден ја претепал најмногу до тогаш.
-Пресеков кога последен пат ме премлати неколку дена по мојот роденден. Секогаш криев, многу ми замеруваа за тоа. Секаде се појавував насмеана. Сум доживеала сѐ и сешто, целиот живот се борам и на паркетот, ме малтретирале тренери, и кога почна ова, мислев сам ќе престане, неколку дена е добар, па пет не е. Првпат кога дојде полиција, за Нова година, не смее јас да викнам, викнаа комшиите. Плачев, им давав ишарет да го однесат, а тој во тој момент ми рече: „Отвориш ли уста, те убив“. Не смеев збор да кажам. Полицајците земаа пријава, но ја игнорираа ситуацијата. Бев избезумена, раскажува Дабовиќ во емисијата „150 минути“ и додава дека Симон сѐ уште сака да се врати во нејзиниот живот и да ѝ наштети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст