| четврток, 6 декември 2018 |

Облаци прав се креваат од градилиштето во Острово, каде следно ќе се гради?

Граѓанската иницијатива „Сакаме Аеродром да дише“ деновиве реагира на облаците прав кои се креваат од новите градилишта во населбата.

Стотици граѓани коментираат на Фејсбук страницата на #Сакаме Аеродром Да Дише и повикуваат на протест.

Аеродром никогаш не бил позапуштен, улиците не се метат, а тревата не се коси – се дел од коментарите кои може да се прочитаат на социјалните мрежи.

Главната причина поради која победи кандидатот на СДСМ-Златко Марин е тоа што ветуваше дека нема да биде ист како Ивица Коневски од ВМРО ДПМНЕ, а тој не само што не е ист, туку е и полош – вели за „Лидер“ активистката Искра Манојлоска од граѓанската иницијатива.

Актуелниот градоначалник на Аеродром, Златко Марин, пред изборите ветуваше ревизија на сите ДУП-ови, но тоа не се случи.

– Во моментов колку што јас сум запознаена, истовремено на три парцели се започнати градежни активности. Едната е во Острово до Тинекс Дисконтот, каде што беше срушена игротеката. За потребата на објектот кој ќе се изгради ќе се пробие нова улица на местото на паркот со детски лулашки кој ќе биде уништен. За пробивањето на улицата ќе бидат пресечени десетина 40-годишни дрва – вели Манојлоска.

Загадувањето на воздухот во Аеродром е алармантно. Со изградбата на нови згради и сечење на стари дрва, животот во општината станува неподнослив.

Активистката вели дека е разочарана од довчерашните соборци кои како што вели, откако дојде новата централна и локална власт одеднаш станале апатични и престанале да се бунтуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top