| четврток, 6 декември 2018 |

Тања Паскали-Бунташеска: Објектите кои се градат на Плаошник нема да се повисоки од црквата

Директорката на Завод и Музеј од Охрид, Тања Паскали Бунташеска, задоволна од тоа како се одвива изградбата на проектот за возобновување на Свети Климентовиот универзитет на Плаошник. Таа оптимист дека работите ќе бидат завршени во предвидениот рок.

Работите се одвиваат со задволително темпо. Во исто време се градат двата комплекси. Се гради првиот комплекс, тоа е Свети Климентовиот музеј и библиотека, Центарот за хуманистички науки, а во исто време од источната страна се градат манастирскиот конак и резиденцијалниот објект на МПЦ. Се надеваме дека ќе биде испочитуван рокот кој што е зацртан во тендерот, т.е 26 месеци од започнување на градежните работи. Се прати максимално конфигурацијата на теренот од највиоската до најниската точка,  објектите нема да бидат повисоки од колку што е Свети Климентовата црква, го пратат нагибот на теренот, значи вклопени се во амбиентот“, изјави директорката Паскали-Бунташеска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top