| четврток, 6 декември 2018 |

Афера на повидок:13 европски банки ги кршеле антимонополските прописи

Банките меѓу кои се Ситигруп, Дојче Банк, Голдман Сакс, ЈП Морган и Морган Стенли, наводно соработувале за да го заштитат својот профит од дериватите со кои се тргува на берзата, што претставува кршење на антимонополските прописи на ЕУ, пишува „Нова Македонија“.

Прелиминарните резултати од истрагата покажале дека банките неофицијално соработувале, со цел блокирање на тргувањето на берзите, како и обидите на берзите да понудат потранспарентни цени на финансиските производи како што се кредитните деривати.

Комисијата за резултатите на истрагата го извести финансиските институции кои се осомничени за незаконски потези и банките сега имаат рок од 30 дена да одговорат на обвинувањата. Комисијата потоа ќе пресуди дали компаниите ги прекршиле антимонополските прописи, пред да ги утврди казнените мерки, вклучувајќи и парични казни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top