Аца Лукас вели дека нема да се откаже додека не го истера на чистина неговиот случај со се уште законската сопруга Соња Вукасновиќ.
Имено Соња Вукасновиќ на 2 септември 2017 година на полицијата и пријавила дека Аца Лукас ја претепал во станот после вербалниот судир кој го имале. Соња Вукасновиќ во Ургентиниот центар тврдела дека има видлива повреда на ногата. Од друга страна Аца Лукас тврдел дека не ја ни допрел својата сопруга и дека таа него го гаѓала со предмети од кујна.
Сепак, Лукас во Третото основно јавно обвинителство ја признал вината, како би бил на слобода, а не во притвор додека не го дочека судењето.
Меѓутоа, откако Лука Лазукиќ, сопругот на Наташа Беквалац, пуштен е на слобода веднаш после сослушувањето во полиција, Лукас бесно прашува во што е разликата меѓу нив двајца, освен тоа што тој Соња не ја пипнал.
-Кога се случи настанот со мене, кој сите добро го знаат, и за кој јас и сега пред Бога тврдам дека не ја допрев својата сопруга, туку дека сум класично наместен. Значи, кога тоа се случи и кога јас во полиција давав изјава, кажано ми е: Од третото обвинителство даден е налог и се инсистира дека Александар Вуксановиќ мора да добие притвор 30 дена и да оди во Централен затвор!Го прашувам обвинитлеството и судиите и сите претседатели на суд и сите правници во оваа змеја, која е разликата меѓу мене и Лука, сопругот на Наташа, па тој е пуштен на слобода, а јас морав да ја признаам вината која ја немам, бидејќи тоа беше единствена можност да не одам директно во притвор во Централниот затвор. Разлика има!Неговата сопруга има видливи повреди, а мојата немаше ништо – рекол Лукас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.