Деветнаесеттата сезонска колекција на дизајнерката Росица Мршиќ ќе биде прикажана на 24 април, во 20 часот во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“, во организација на Моден викенд Скопје.
Најновата колекција наречена „Celia“ е инспирирана од портретите на Силија Биртвел насликани од познатиот англиски уметник Дејвид Хокни. Станува збор за урбана и некоформистичка шик колекција која претставува нов израз на дизајнерката Мршиќ која како што вели „се предизвика себеси да работи нетипични за нејзината работа, помеки и лелеави силуети“.
– Парчињата кои ги создавам ги портретирам како парчиња кои се за секој ден, секоја пригода но секогаш интригантни и возбудливи. Силни бои, цветни стилизирани принтови, црна и мека бела боја, артистични текстури на материјал, кроеви сложено изработени, ја прават „Celia“ карактерно романтична, авангардна и ласцивна – рече Мршиќ.
Дизајнерката на накит Марта Поп Антоска инспирирана од креацииите на Росица Мршиќ изработи лимитирана серија на накит од стакло кој ќе ги надополни креациите.
За шминката на моделите ќе се погрижат „Radiant“ во соработка со мејкап артистот Јована Коциќ, а за фризурите „Lakme“ во соработка со „Studio LiLi“ . Чевлите кои ќе ги следат креациите доаѓаат од бутикот „ VIA“.
Поддржувачи на настанот се „Public Room“, „Пакомак“, „Lux“ и „Винарија Камник“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ретроспективна изложба на дизејнерката Росица Мршиќ во Софија
-
Претставена „Силија“, новата шик-колекција со лелеави силуети на Росица Мршиќ (фотогалерија)
-
Росица Мршиќ вечерва ќе ја претстави деветнаесеттата колекција во „Јавна соба“
-
Македонската дизајнерка Росица Мршиќ ја претставува новата колекцијата за есен-зима 2017