Општина Чаир го одбележува нејзиниот роденден. Активности во текот на цела недела.
-Го одбележуваме роденденот на нашата Општина, изразувајќи искрена благодарност до сите генерации на вработени за досегашните постигнувања и рефлектирајќи за потребите за унапредување на актуелната состојба на општината каде што живееме. По овој повод, ја изразуваме целосната подготвеност на новата раководна структура за зацврстување на конкретните чекори за секогаш да бидеме во ваша служба и за зголемувањето на нивото на транспарентност, континуирано известувајќи ве за преземените чекори. Во иднина нè очекува многу работа, вашиот придонес и поддршка несомнено би бил клуч на успехот. Напредокот се постигнува со искрена работа, трпение и пот за посакуваната средина. Секој ден од Вашиот живот нека биде инспирација и придонес за оваа Општина да рефлектира природна убавина и убавина на човековата среќа, велат од Општина Чаир.
Роденденот на Општина Чаир ќе се одбележува со низа активности во текот на целата недела во ниво на нашите основни училишта и со многу работа за подобрување на патната инфраструктура и ревитализација на зелените површини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.