| четврток, 6 декември 2018 |

Освоил 533 милиони долари на лотарија, сега заминува во пензија

Американецот Ричард Вол од Верона во Њу Џерзи освоил 533 милиони долари на мартовското извлекување на играта „Мега милиони“ во САД, што е најголема сума на сите времиња освоена во таа со јузна држава.

Како што наведува АП, Вол (47) не верувал на своите ичи, па кога мајката го повикала да го извести дека некој од нивното место освоил џек пот, рекол „тоа не сум јас“.

– Беше навистина неверојатно. Некои од моите домашни спиеја па не излегов да урлам. Заминав сам на катот. Погледав во жена ми и реков: „Кукло, одиме на одмор“, на што таа ми одговори да не глумам будала – вели Вол, откако конечно сфатил дека освоил џекпот.

Нему ќе му останат околу 220,7 милиони долари по оданочувањето, а вели дека со тие пари планира да се пензионира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top