| четврток, 6 декември 2018 |

Што им кажала на лекарите Наташа Беквалац откако сопругот ја натепал?

Утринава, околу 4.30 во станот на Дедиње дошло до физичка пресметка меѓу Наташа Беквалац и нејзиниот сопруг Лука Лазукиќ. По судирот, таа заминала во Ургентниот центар во Белград, пишуваат српските портали.

Популарната пејачка околу 11.15 часот дошла во Ургнетниот центар и на лекарите им соопштила дека сопругот ја удрил. Според неофицијални информации, таа немала видливи повреди, а во разговорот на лекарите им рекла дека има повреда на главата и дека сопругот ја удрил.

Подоцна таа разговарала и со дежурниот полицаец, кој ја советувал дека насилството треба да го пријави во полиција.

До 13.30 часот насилството не било пријавено во полиција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top