| четврток, 6 декември 2018 |

Владика Петар: Бев приведен и испрашуван на aеродром, но ми се извинија

Ангажирав бранител и јас многу нема да објаснувам за случајот на aеродромот. Не патував за Австралија туку на друго место, изјави владиката Петар одговарајќи на новинарско прашање да го објасни завчерашниот случај на аеродромот во Скопје кога беше приведен и испрашуван од финансиската полиција. Владиката Петар денеска служеше света литургија на манастирот „Свети Архангел Михаил“ во Варош во Прилеп по повод празникот Источен петок- Балаклија.

– Адвокатот Љубомир Михајловски-Џанго го ангажирав бидејќи бев приведен, лишен од слобода и испрашуван. Јасно им реков дека имам свој адвокат и без него нема да кажам ниту збор. Мојот адвокат им покажа и им докажа дека направиле грешка во својата постапка и дека тоа не смееле да го направат, а тие се извинија – рече владиката Петар.

На новинарското прашање дека тоа го спречило да патува во Австралија, владиката Петар изјави дека не патувал на овој континент.

– Не патував за Австралија, туку на друго место. Бев спречен да го искористам моето право да летам со авионот, но затоа со следниот авион летав. И синоќа кога се вратив повторно ми се извинија за случајот на аеродромот, изјави владиката Петар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top