– Не смееме да дозволиме да се промени името на нашата држава, не смееме да дозволиме да се промени јазикот, да не се вика македонски, не смееме да дозволиме да се промени химната, изјави во во своетот гостување на Телевизија Нова митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски, г. Петар.
Владиката вели дека досега тоа никому не му пречело, а сега наеднаш пречи.
– Кому му пречи? Некому кој дошол тука во последните години. На сите оние што биле тука, Албанци, Роми, Власи, Срби, не им пречи. Им пречи на некои дојденци, но најмногу за жал, им пречи на некои соседи, вели владиката Петар.
Кога ќе се спомне Македонија веднаш се мисли на Македонија од минатото кога била голема светска империја. Од тие причини намерата е да исчезне тоа име плашејќи се дека можеби еден ден можеби повторно ќе воскресне таква империја како што била, рече во гостувањето во „Око“.
Тој како пример го посочи Израел кој до пред 50-ина години не постоел како држава, а сега е сериозен противник на државите во неговото опкружување на Блискиот Исток.
– Постои некаков потсвесен страв кај некои од соседите, а и кај некои други држави во Европа, па и пошироко дека овој народ, иако сега е малуброен, некогаш пак ќе стане силен бидејќи има потенцијал за тоа во секој поглед. Но не мислам дека таква е намерата на македонскиот народ. Ние сме мирољубив народ, но ги влечеме последниците од некогашната слава, вели владиката Петар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Владика Петар: Бев приведен и испрашуван на aеродром, но ми се извинија
-
Владиката Петар: Не се луксузираме, младите возат поскапи возила од нас
-
Владика Петар: Провокациите и прекршувањето на правото го испровоцираа народот (ВИДЕО)
-
Митрополитот г. Петар го посети Домот за доенчиња и мали деца во Битола