Со оглед на тоа дека целиот свет чека на одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп за можните одлуки за напад во Сирија, независниот систем за предупредување на нуклеарна војна објави предупредување за конфронтација меѓу Русија и САД.
Овој систем следи колку силите на САД се подготвени за одбрана, а позната е под името ДЕФКОН и претставува и ситем за предупредување кој го користела американската војска, како би препупредила на ризик од нуклеарна војна.
Системот има пет нивоа на подготвеност или состојба на предупредување, кои се движат од ДЕФКОН 5, без опасност до ДЕФКОН 1, најголема опасност.
Службеното ниво ДЕФКОН до скоро беше 5, но опаснсота почна да се зголемува па сега е на ниво 4 со тенденција да се зголемува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.