Срцето ми се кине поради одењето во пензија, што морам да ги оставам овие одлични момци. Но животот оди понатаму, се надевам дека ги научив нешто добро и дека ќе имаат корист од тоа, кажа Буфон после испаѓањето од Реал.
Веројатно ова беше последниот натпревар во Лигата на шампионите, кажа 40 годишниот Џанлуиџи Буфон на прес конференцијата пред реванш мечот меѓу Реал Мадрид и Јувентус.
Малку се излажа, бидејќи Јуве имаше 0:3 до последните моменти, за во последните моменти од според многумина непостоечки пенал, па неговиот тим испадна во голема драма.
Се чини дека оваа сезона доаѓа крај на кариерата после долго размислување, ако може да се суди по изјавите после мечот.
-Срцето ми се кине поради одењето во пензија, што морам да ги оставам овие одлични момци. Но животот оди понатаму, се надевам дека ги научив нешто добро и дека ќе имаат корист од тоа, изјави можеби најдобриот голман во историјата.
Но, Буфон сепак малку се смири и им честиташе на своите соиграчи на големиот натпревар.
-Многу сум горд на се што направивме во Мадрид. Беше оддалечени само еден гол од чудо, а крајот навистина доста јаден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.