| четврток, 6 декември 2018 |

Ова овошје има најмногу пестициди, избрано е за најлошо во 2018 година

Јагодите се сезонско омилено овошје на многумина, но има најмногу пестициди од сите други овошја.

Американското Министерство за земјоделство состави листа од „12 жигосани“ намирници кои содржат најмногу пестициди, а во 2018 година на прво место се јагодите.

Пестицидите се хемикалии кои ги убиваат инсектите, коровот, а конзумирањето на овошје и зеленчук кое содржи голем број пестициди е погубно за човечкиот организам. Истажувачите го миеле овошјето на начин на кој го прави секој просечен купувач, но утврдено е дека на јагодите остануваат околу 20 пестициди што е многу повеќе од другите пестициди.

На второ место е спанаќот, а голем број пестициди имаат и нектарините, јаболките, грозјето, кајсиите, црешите, крушките, доматите, целерот, компирот и пиперките.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top