| четврток, 6 декември 2018 |

Бесплатни овошни оброци во училиштата во Хрватска

Како што велат од хрватското Министерство за образование, оброците се воведуваат поради подигање на свеста за здравата исхрана и зголемување на консумирањето свежо овошје и зеленчук, како и млеко и млечни производи, пренесува „Н1“.

За спроведување на овој проект обезбедени се повеќе од 3 милиони евра за на училиштата да им се обезбедат средства за дополнителниот оброк, а секое училиште само го обезбедува доставувачот што ќе ги испорача овошјето, зеленчукот и млекото. Овошјето и зеленчукот ќе се испорачуваат најмалку еднаш неделно.

Бесплатните овошни и зеленчукови оброци ќе ги добиваат сите ученици од основните и од средните училишта, а млекото и млечните производи само учениците во основните училишта од прво до четврто одделение.

 

извор: Макфакс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top